Ирена Ристиќ приведена- собирала отпушоци пред Влада : ,,Гласно ме пцуеја ! Пичка ти матер !”

Актерката Ирена Ристиќ, вчеравечер, била приведена во полициска станица, а потоа одведена во психијатриската болница ,,Бардовци”, бидејќи чистела отпушоци од цигари пред зградата на Владата. Во своето обраќање кон јавноста, објасни дека била приведена противправно и неколку часа не и` било дозволено да повика адвокат, на кој има законско право за да се брани. Воедно, како што напиша, била малтретирана, омаловажувана и навредувана од службени лица.

Активисти од волонтерската формација ,,Не биди ѓубре”

Ристиќ, актуелна во моментов во претставата ,,Странци” во Драмски театар, со недели, заедно со други активисти, здружени во формацијата ,,Не биди ѓубре”, самоиницијативно организираат волонтерски акции за чистење на депонии на различни локации во Скопје. И работат на подигање на свеста за јавна хигиена кај граѓаните, но и кај властите.

Таа беше гласен поборник против репресивниот апарат на минатата власт, препознатлива по акциите кои беа дел од ,,Шарената револуција”, и општопозната активистка за подигање на граѓанската свест во различни сегменти за подобро општество.

Статус на Ирена Ристиќ: 

,,Билтен!

Противправно бев приведена.
Не добив одговор на ниту едно од многуте прашања кои логично се наметнуваа.
Зошто ме пикаат во комбе? Што згрешив?
Зошто не смеам да ги метам пикавците покрај Влада?
(таму не фрлаат граѓаните, туку токму оние кои фрлањето отпад треба да го санкционираат)
По слободна проценка, до оградата имаше од несанкционирани фрлени пикавци 54 илјади и седамсто евра у казни. Таков и толку скап тепих од пикавци имаат исткаено оние кои тоа најмалку смеат да си го дозволат.
Нормално, тоа им го кажав.
И така почна.
Ме пикнаа у комбето кое у секунда се створи пред Влада, ме развозуваа од Беко до Бардовци и назад и ме тормозеа као кај мене да се петте украдени милијарди и решенијата на сите нивни приватни и професионални проблеми.
Ниту еден, значи, ниту еден од полицајците не се легитимираше и не се претстави, а уште помалку најде за сходно да објасни зошто сум така третирана.
Се изредија десетина. И мажи и жени.
Сите до еден беа груби и некултурни.
Ми се обраќаа со “ма” и “мори”…
Гласно ме пцуеја!
Пичка ти матер!
Пичка ти матер!
Правеа влези-излези низ вратата барајќи чаре за “лудата” глумица!
Не попуштав под ниту еден притисок и закана!
Ги барав своите права!
Барав адвокат пред да кажам било што…
“Многу филмови гледаш…” рекоа…
Со Јанаки адвокатот исконтактирав после три саати, откако видоа дека нема шанси кај мене да им поминат методите! Камерите снимаат, рекоа!
За среќа, одговорив!
Ми даваа да потпишам празен лист…
Строгите погледи, наперченоста, износените униформи, распадната станица, неупатеноста во процедурите и импровизациите со истите, простачкото обраќање, портокаловите и љиљаковите ноктишта на полицајките, муабетчињата за мене као да не сум тука и меѓу нив и со докторот (Љ. Ј.) у Бардовци…

Има да се раскажува…

Многу беше гадно… многу!

Дали се исплашив? Не!
Дали тоа ги реметеше? Да!

Како понатаму?!

Јас останувам у борбата!
Со истата страст и посветеност!

А они?!

Немам појма, дечки! Немам појма како ќе тераат!

Ви благодарам за грижата!!!
Во текот на денот ќе одговорам на сите пораки!

*увек наоѓам начин да привлечам внимание, сум си’бала векот! “

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!