Во Зоолошка турбо: Поставени тоалети, ограда, асфалтирани патеки

На две локации во Зоолошка градина-Скопје, во текот на денешниот ден, поставени се нови тоалети.


,,Хигиената во овие тоалети ќе биде редовно одржувана. Покрај стандардните тоалети, има тоалет за инвалиди, како и кабина за пресоблекување на бебиња и дечиња.
Чекор по чекор градиме Европска Зоолошка !”, информираат раководните лица во соопштението до јавноста.

Во изминатиов период беа поставени и хидранти за одржување на хигиената во Зоолошката градина, нови корпи, ново детско игралиште, а беа асфалтирани и патеки.
Беше санирана и оградата кај крокодилите Гањо и Кристина, откако попушти, па Гањо се префрли кај патките, а поставена е и уште една заштитна ограда за двојна и поголема безбедност.

Директорот Ѓорѓи Галетановски започна и со кампањата ,,За здрави и среќни животни” која има за цел заштита на животните од несовесни посетители.
Кампањата е поддржана и од голем број јавни личности-љубители на животни како ракометарот Наумче Мојсоски, екс мисицата на Македонија, Вера Мештеровиќ, пејачката и ди-џеј Фани Христова, пејачката Елена Петреска и други.  

Посетете ја фб страницата на Зоолошката градина :

https://www.facebook.com/ZooSkopje/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!