
Клинички центар, денеска.
Заврзани врати со завој и кабли во рамки на Очната клиника во Скопје.
Во манирот на уметничка инсталација.
Некој голем уметник навистина би се инспирирал од траорноста и опскурноста која може да се види на македонските клиники.
Марина Абрамович, на пример, доколку имаше закажано ,,Мој термин”, по два часа чекање и јадење ѓеврек во ходник, обесена на валканите ѕидови, во знак на протест, веројатно би се обесила со кабливе пред очите на сите во ходникот на клиникава.

И, секако, Македонија ќе завршеше на насловна страница на ,,Њујорк тајмс” во рубриката – ,,Места кои никогаш не смеете да ги посетите”.