Протест пред ,,Мајчин дом”: На аеродромци им прекипе од Златко Марин

 

Со почеток во 17 часот, утре, пред ,,Мајчин дом” најавен е протест против изградбата на деветкатница и градоначалникот Златко Марин кој ја издал дозволата.

Пред да стане градоначалник, во кампања, ветуваше дека ќе ја сопре оваа градба, а притоа жестоко го напаѓаше претходникот Ивица Коневски токму за овој зацртан објект, но и општо дека ја урнисувал општината со нови висококатници, а во исто време го уништувал зеленилото. 

Револтот на аеродромци се зголеми денеска, откако парцелата беше оградена од инвеститорот.
Станува збор за зелена површина. Жителите се гневни, бидејќи изградбата е своевидна еколошка катастрофа-според урбанистичкиот план ќе се сече дрворед и ќе се уништи зеленилото. Што не е првпат да оди против волјата на граѓаните-пред неколку месеци издаде дозвола за зграда кај ,,Тобако 2″ каде претходно имаше детско игралиште. 

Општина Аеродром во информација до јавноста се правдаше дека ги разгледала сите правни решенија за спречување на деветкатницата, по што Марин издал одобрение. Општина Аеродром е најбројната општина во Македонија, има околу 90.000 жители, но и најзагадената. 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!