ПРЕД ХОТЕЛ ,,ХИЛТОН”: Нов масакар на дрвја во Аеродром


Во Аеродром, во најзагадената општина во Скопје повторно ,,заигра” пилата – пред очите на граѓаните кои гласаа за зелена општина, веќе неколку дена се сечат високостеблести дрвја. Точната локација е пред новиот хотел ,,Хилтон”, на булевар Србија. 

Револтираните граѓани, преку социјалните мрежи, побараа одговори за ова безборазие – да се сечат здрави дрвја наспроти ветувањата. Се обратија на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, до првиот човек на Скопје, Петре Шилегов и до јавното претпријатие ,,Паркови и зеленило”, но оттаму молк.

 

Лани, на митингот во Аеродром, во предизборна кампања, премиерот Зоран Заев, на аеродромци им вети златен градоначалник во ликот на Златко Марин, односно ,,златна општина”.
Од ,,златото” засега се гледаат купишта кутнати дрвја, ароганција, игнорирање на граѓанските поплаки и барања, мерни станици кои уриваат рекорди во загаденост со ПМ10 честички и висококатници за кои Марин вети дека нема да се градат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!