
Во текот на утринските часови, гореше дел од Детската болница за белодробни заболувања ,,Козле”. Според наши извори, биле евакуирани 400 метри квадратни од болницата. Околу 9 часот, пристигнале неколку возила од Противпожарната бригада.
Кои се причините за пожарот, дали има повредени лица и колкава е материјалната штета, со повеќе информации – во текот на денот.
ДОПОЛНЕТО :
Пожарот во Детската болница во Козле бил предизвикан од краток спој на инсталацијата во еден од тоалетите, информираа надлежните. Нема повредени. Пожарникарите интервенирале и го изгаснале огнот. Децата кои биле сместени во тој дел од зградата од болницата навреме се евакуирани.