Форум за демократска Македонија: Отворена изложба во Малта за македонскиот идентитет

Форумот за демократска Македонија во Малта реализираше проект/изложба под наслов „Тоа сум Јас…“ на авторот Хари Дудески од Македонија. Изложбата е поставена во Галерискиот Хол на „Мр.Тод Хотел“ во Слиема, а ќе биде отворена за посетителите, во следните 30 дена.

Дудески со оваа изложба во Малта претстави концепт на визуелизација на знамето преку моментумот со кој се соочува Македонија во годините на воспоставување на државност, транзиција и финализација, преку 12-те варијанти, асоцијација 12-те месеци во една година. Низ промена на сегментите на знамето, како круцијален симбол во еден идентитет, изложбата е приказ на препознатливоста на тој македонски идентитет како и чувството на припадност во тоа себепрепознавање низ годините кои се живеат во нам познати околности.

Линк до видеото :

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=509610976218301&id=209247432921325

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!