
[facebook]
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, многу љуби да се вози со електро-тротинет.
А, притоа, додека се вози и се враќа од работа, прво да си направи селфи, а потоа и да го слика некој. А, на крај фотографиите да си ги стави на профил.
Малку ми е срам од тротинетскава самореклама на Шилегов.
Туку, Петре душо, велосипедската патека на ,,Теодосиј Гологанов” во Козле ти е раскопана пет месеци. Не знам колку и каде ти возиш за потребите на фотосесии, ама ние што не се сликаме – возиме по улици, бидејќи цел град нема услови за безбедно возење велосипеди, а и тротинети.
Престани да си правиш селфија и фати се човеку за работа ! Две години од мандат ти изминуваат.