Кампањите за ,,Претседателски избори 2019″ – започнаа.
Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, ја започна со постер, на кој, тој е во фокусот, а народот е во позадина, не се гледаат лица, бидејќи луѓето се заматени. Или кажано со фоторепортерски речник – за народот е употребена техниката ,,блур”. Браво за оној кој ова го смислил ! Просто фасцинира опседнатоста на СДСМ со сами себе, а не со потребите на граѓанството и гласачите.

Сериозно, но не можам да ја сфатам пораката на Пендаровски, но, за мене како политиколог и екс новинар со мноштво познавања, меѓудругото од областа на фоторепортерство и медиуми, толкувањето на ваква фотографија е следно – тој си е целосно фокусиран на себе, себеси си е најважен, народот е небитен.
А, не е дека се уверивме во спротивното од досегашното двегодишно владеење на СДСМ.
[facebook]