
Пожарот, кој вечерва, зафатил викендичка на Водно е локализиран. Противпожарната бригада интервенирала со три возила во реонот над болницата во Козле, жртви нема. Куќата била празна, немало луѓе во време на избивање на пожарот. Единствен жител бил песот-шарпланинец кој ја чувал куќата и кој пожарникарите го спасиле.

Жители на населба Козле раскажаа дека дрвени куќарки (шупи) над куќата изгореле, пламенот зафатил дел и од блиската околина, но за среќа навреме бил изгаснат и не зафатил дел од околни објекти и шумата.
[facebook]