Премиерот Зоран Заев на прес конференцијата, по повод неуспехот со датумот за почеток на преговори со Европската унија, рече: ,,Неисполнетото ветување од ЕУ е неправедно”.
Добро, сега знае како се осеќаме сите ние кога тој не исполнува ништо од ветеното.
Меѓудругото, дополни: ,,Лути сме и разочарани, ама не може да и` се лутиме на Европа”.
А, на кого да се лутиме ако никој не е виновен? Од небо падна разочараноста и лутината?
Каков е овој недостаток на самокритичност, за самопреиспитување и за понесување на одговорност!?
Колку што разбрав, во последнава година, оваа Влада, т.е Заев како премиер, не успеал да оствари ниедна средба со Макрон. Барале преку различни дипломатски канали, но не добиле средба.
Браво за нашата дипломатија!
[facebook]