
Музејот на современа уметност (МСУ) објави повик за изработка на идеен проект за партерно уредување и санација на скалилата и платото пред МСУ. Како што велат надлежните, на повикот со свое оригинално решение, можат да се пријават сите архитекти носители на лиценца А, а иницијативата е од хуманитарен карактер.
Повикот за донација на проект за партерно уредување и санација на скалилата и платото пред МСУ ќе трае до 6 ноември, годинава, односно 20 дена од денот на огласување, а е упатен до сите архитекти на Македонија, носители на лиценца А.
,,Иницијативата за санација на скалите и платото пред Музејот е резултат на приватна донаторска акција, заради што МСУ ги повикува и архитектите заинтересирани за овој повик да го донираат идејното решение. Со тоа, ќе ја поддржат донацијата, ќе ја зголемат нејзината вредност за музејот и ќе допринесат за единствен краен резултат.”, се вели во соопштението до јавноста.
Приватната донација во висина од 600.000 денари доаѓа од повеќе субјекти и е наменета за изведба на градежните работи неопходни за санацијата.
Музејот на современа уметност е плод на солидарност, авангардна и благородна идеја, и до денес достојно ја исполнува својата цел. Визијата на оваа иницијатива заедно со оригиналните идеи и искуството на архитектите ќе остави ново наследствоза МСУ и за идните генерации.
Повеќе информации на следниот линк: http://msu.mk/wp-content/uploads/2019/10/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81-%D0%9C%D0%A1%D0%A3.pdf
[facebook]