ОТЧЕТ НА БОГОЕВ: Карпош работи со полна пареа, на ред е салата ,,Партизан”

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, се обрати до јавноста со краток отчет за своето двегодишно работење.
Засадени се повеќе од 300 дрвја, а  зголемено е и блоковското зеленило. Изградени се два нови објекти на градинки во Бардовци и во Тафталиџе 2, фитнес зони, сквер, игралишта, паркови за миленици, а реконструирани се и повеќе сервисни и главни улици на територијата на Карпош.

-Го хуманизираме јавниот простор, со повеќе зеленило и реквизити за спорт и рекреација за сите граѓани. – , рече Богоев во своето обраќање до јавноста.

Наведе дека јавните површини прераснуваат во уредени зони за рекреација: Урбан сквер меѓу Тафталиџе 2 и Нерези, изградени се два нови паркови за миленици, фитнес зона на Кејот и во Карпош 4, инклузивно игралиште во Влае 2, детски парк во Криви Дол.

-Не очекува уште многу работа, „Партизан“ и спортско – адреналинскиот парк се наши приоритети – , порача Богоев.

Спортско – адреналинскиот парк долж кејот на реката Вардар, започна да се гради пред десетина дена. Станува збор за нова, уредена зелена површина, спортско – рекреативна зона што ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри.
Во рамки на паркот ќе има ново, уредено зеленило на површина од 4.000 квадратни метри, 120 нови дрвја, детско игралиште, фудбалско игралиште на песок со трибини, одбојкарско игралиште на песок со трибини, скејт парк и адреналински содржини. Оваа целина ќе биде заокружена со сквер што ќе се простира на површина од 140 квадратни метри. Изградбата ќе заврши во јуни, 2020 година.

Општина Карпош за овој парк преку Секторот за развој аплицираше во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), при што добиен е грант од 38.1 милиони денари. Оваа финансиска поддршка ја обезбеди Европската унија и Владата преку Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Учеството на локалната самоуправа изнесува околу пет милиони денари.

[facebook]

Линк до видеото за двегодишниот отчет на градоначалникот на Карпош:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2405203002931283&id=1094158057369124

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!