Ако добро го разбрав лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од вечерашнава прес конференција, задачата пред која е исправена партијата е заедно со коалиционите партнери да обезбедат доволно гласови, голема предност пред СДСМ, за да нема можност, како што рече – за постизборен инженеринг.
Тоа му беше и главната поента во одговорите на новинарските прашања.
Со други зборови, на вмровците им треба голема предност пред владеачката партија на изборите во април 2020 година, од 7 до 10 пратеника разлика, за да не им се случи 2016-та – повторно СДСМ да формира Влада, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не постигна постизборен договор со албански коалиционен партнер.
Мицкоски, дополни дека допрва ќе решаваат дали со нивните коалициони партнери ќе одат во предизборна или постизборна коалиција.
[facebook]