
Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ започнаа со реконструкција на тротоарот пред главната Пошта во Центар. На овој потег, информираат надлежните, вело- патеката ќе биде целосно санирана, со отстранување на оштетените бетонски делови и поставување на асфалт, а ќе бидат реконструирани и оштетените делови од пешачката патека.
Овој простор дополнително ќе биде уреден со зеленило. Мината година на оваа локација, Град Скопје, засади 16 висококвалитетни јавори.
[facebook]