
Град Скопје го отвори повикот за изработка на проектна документација за 7 зелени јавни површини – скверови.
Со објава на повикот се затвора и првата фаза од реализација на иницијативата за озеленување и разубавување на градот согласно потребите на граѓаните.
Станува збор за уредување на следните локации: Просторот спроти ,,Рамстор” на булевар Јане Сандански, зелениот простор кај Мартиновски под Кале, паркот до поликлиниката ,,Идадија”, паркот кај Министерство за економија, потегот од Народна банка до мостот на реката Вардар, паркот на Архитектонски факултет.
Решенијата кои ќе одговорат на повикот треба да ги отсликаат претходно подготвените концепти кои тимот на Центарот за иновации на Град Скопје ,,Скопје Лаб” ги изработи врз база на спроведеното етнографско истражување со граѓаните на Скопје.
Концептите може да ги видите на следниот линк:
https://www.skopjelab.mk/portfolio/izraboteni-6-predlog-kontsepti-za-redizajn-na-zeleni-javni-povrshini-vo-skopje/
Иако, иницијално ,,Скопје Лаб” објави само 6 предлог концепти, поради обезбедување на дополнителни средства, повикот се прошири на 7 јавни зелени површини скверови кои беа претходно концептуализирани без разлика на иницијално предвидените средства.
Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат дадените критериуми за учество во тендерската постапка, можат да поднесат предлог понуда, најдоцна до пладне на 24.10.2019.
Oгласот за јавна набавка можете да го најдете на следниот линк:
https://skrati.mk/050TO
[facebook]