ВИКЕНД АКЦИЈА:Имате стар орман за фрлање-однесете го во Карпош

Граѓаните, кои, сакаат да се ослободат од кабаст отпад, викендов, бесплатно може да го транспортираат во центрите за селекција на отпад во Карпош и во Вардариште на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Центрите работат од 7 до 19 часот.

Одлагањето на кабаст отпад покрај контејнери е казниво. Инспектори, доколку ве фатат на лице место, може да ве казнат со глоба од 50 евра.

Доколку граѓаните имаат потреба одлагањето да се изврши со специјалните возила на претпријатието, услугата се наплаќа, и за тоа може да се информираат на следните телефонски линии:

👉 Општина Ѓорче Петров 📲 075/302-273

👉 Општина Карпош 📲078/421-954

👉 Општина Центар 📲070/609-001

👉 Општина Аеродром 📲076/261-383

👉 Општина Гази Баба 📲072/320-970

👉 Општина Шуто Оризари 📲075/381-194

👉 Општина Кисела Вода 📲070/233-740

👉 Општина Бутел 📲 076/261-446

👉 Општина Чаир 📲 076/474-369

👉 Општина Сарај 📲 075/386-664

За проблеми поврзани со собирање кабаст отпад и расчистување диви депонии, јавете се на 072/272819.

Исто така, на овие телефонски броеви може да пријавите проблеми и поплаки поврзани со активностите на претпријатието на терен, собирањето и транспортот на комуналниот отпад, собирањето на кабастиот отпад и расчистувањето на дивите депонии.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!