СЕКОЈ ДЕН, НОВО МРЧЕЊЕ: Контејнерите на Петре станаа психо драма во 180 продолженија

Новите контејнери во Скопје, кои, градската власт почна ги поставува за почиста животна средина, поради секојдневните тривијалности на граѓаните, може слободно да се сместат во библиотекарски оддел ,,Психо драма во 180 продолженија”.

Секој ден има некоја драма околу нив, па градската власт е принудена да реагира со соопштенија или коментари. А, прикаската оди вака: те на некој му сметале педалите, друг не знае да ги користи па ѓубре остава околу и до контејнер, па биле многу големи, па немало низ цел град, некои беа запалени, а последно е оние залепени ливчиња на нив, со инфо до скопјани, капаците да ги оставаат луѓето отворени, бидејќи мачките немале каде да јадат. Единствена издржана критика досега е дека некои од новите комунални садови се наоѓаат на локации каде пречат, на велосипедски и пешачки патеки, што градската власт треба да го реши.

Се огласија од Градот и ги повикуваа граѓаните да не ги оштетуваат контејнерите односно рачките со цел овозможување на непречен пристап на мачките до отпадоците. Уништувањето на контејнерите е казниво по закон.

-Град Скопје потсетува дека новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини што почна да се спроведува во градот е во интерес на сите негови жители и целта е да се подобри животната средина. Новите контејнери коишто се опремени со капаци се набавени токму за да ја спречат можноста отпадоците да им бидат достапни на мачките и на кучињата, коишто ги расфрлаа околу нив. Исто така, капакот треба да го спречи и ширењето на непријатната миризба од отпадот и да се избегне грдата слика со преполни контејнери. – , информираа надлежните.

Апелираа за повисока свест, да ги чуваат и правилно да ги користат овие контејнери коишто се со највисок технолошки стандард, бидејќи тоа е во интерес на сите жители на Скопје.

https://www.facebook.com/201845923194961/posts/2598658096847053/

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!