Новиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“, од Римскиот филмски фестивал директно доаѓа во кино ,,Милениум”.
Премиерната проекција е на 1. ноември (петок) во 20.00 часот, а истиот ден ќе биде прикажан и во 22.00 часот. Од 2 до 6 ноември, публиката, ќе може да го гледа во три термини – 17.30, 20.00 и 22.00 часот.
Три жени, три приказни. Една средновековна, две современи. Три жени се справуваат со традицијата, лојалноста, посвојувањето. Тие не тргнале да го менуваат светот, ама нивната борба да станат мајки ги претвора во неочекувани хероини. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески и Ненад Нацев.
Билетите чинат 150 денари.
[facebook]