Шилегов воведува брз транспорт: ,,Спремете се, ќе ја биде работата”

До крајот на својот мандат, градоначалникот Петре Шилегов, вети воведување на сосема нов јавен превоз во градот. Оптимист е дека ќе го внесе Скопје во 21. век со она кое го планира и кое веќе е во завршна фаза, а се однесува на нов вид на транспорт за граѓаните.

Во својот јавен двегодишен отчет до јавноста, тој, најави дека на ред е воведување на RAPID BUS TRANSIT систем, за што градската власт веќе е во завршни преговори со Владата, бидејќи градскиот Буџет нема моќ да издржи капитален проект од овој тип. Реализацијата ќе чини 100 милиони евра.

– Во разговор со мојот раководител за сообраќај, му реков ,спремете се, ќе ја биде работата’. Возилата ќе работат на погон на водород, ќе произведуваат струја, а нус продукт е водена пареа, која ќе емитува нула штетни честички во атмосферата – , појасни Шилегов во обраќањето.

Ќе се развива линијата Исток-Запад во градот, но и Север-Југ, новите возила ќе се движат од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и од Кисела Вода до Бутел 2.
Станува збор за 24-метарски долги возила, со капацитет за 200 луѓе, кои ќе пристигаат на станица на секои 3-4 минути.

– Го напуштаме концептот на стариот јавен превоз од 80-те години. Центарот на Скопје ќе биде целосно забранет за јавен транспорт и за возила. Од следната година, централното подрачје ќе биде целосно трансформирано за  граѓаните и јавниот превоз – , најави скопскиот градоначалник.

Почетокот на овој проект го најави за следната пролет.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!