Хулигани, денеска, во 2.30 часот по полноќ, искршиле реквизити од детското игралиште во рамки на Градски ѕид, спроти Владата на Македонија. Бучавата, тресокот и дивеењето, кои, продолжиле кон кошаркарското игралиште, разбудиле дел од станарите, кои, од тераси влегле во конфликт со вандалите, по што добиле навреди и пцовки.
Очевидци опишаа дека станува збор за двајца млади, со црни тренерки и качулки.
Ова не е прв вандализам во овој реон. Пред некое време, жители се жалеа на бездомник, кој, живее во подземните гаражи и кој во алхолизирана состојба прави сериозни проблеми и влегува во конфликти со жители и малтретира животни, но ништо не е решено од ниедна служба-тој уште е на старото место.
Станарите од Градски ѕид се жалат подолго време дека живеат во страв и под стрес, поради сите овие инциденти во околината од луѓе со непримерно и насилно однесување, но и зависници.
Велат, од полиција им ветиле позорникари во овој реон, поради вандализми, но и кражби, но досега – ништо од ветувањето. Инцидентите продолжуваат, а со тоа вознемирениста и нарушувањето на јавниот ред и мир.
[facebook]