
Еко-патролата на јавното претпријатие ,,Комунална хигиена”, при редовна контрола на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, затекна лице кое неправилно одлага кабаст отпад во новите контејнери. Контролорите на Еко-патролата веднаш направија записник, а лицето беше задолжено да го собере непрописно фрлениот кабаст отпад.

-Уште еднаш сакаме да ве потсетиме дека кабастиот отпад не смее да се одлага ниту на јавни површини, ниту во садовите за отпад. Секое фрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината. Доколку граѓаните имаат потреба одлагањето да се изврши со специјалните возила на ЈП „Комунална хигиена“, услугата се наплаќа, и може да ја побараат на бесплатната телефонска линија 0800 222 33 – , информираа градските власти.
Град Скопје продолжува и понатаму да едуцира како да се користат новите контејнери. Еко патролата има спроведено преку 1.500 едукации на лице место, на секоја од локациите во градот каде тие се поставени.
Граѓанинот, денеска, поминал со опомена, но казната за кршење на Законот е 50 евра.
[facebook]