,,Алфа” ТВ му бара оставка на Саша за дрвја кои веќе ги посади Пенов

Во вечерашната емисија на ТВ Алфа ,,Што не е јасно..”, новинарката Искра Коровешовска го напна начисто градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ – за дрвјата на Ристо Пенов. Станува збор за случка пред 20 години.

Натегањето беше околу тоа дали Богдановиќ засадил нови на местото на исечените !? Ама на Кејот ,,13 Ноември”.
А, Пенов, исече не само на Кеј, туку и на плоштад. Нејсе.
Богдановиќ ја прашуваше за кои дрвја мисли, таа му велеше дека треба да знае.
Во еден момент го запраша дали ќе поднесе оставка доколку утре камерата на Алфа регистрира дека не засадил нови на Кејот, на местото на исечените од Пенов!?

Дечки, полека со камерата. Покроце.

Бидејќи јас пишував за тоа тогаш со месеци, ќе ви појаснам убаво. Гледам не знаете.
Засадени се на тие места, не трошете бензин за џабе.
Пенов, ги исече старите накривени и на нивно место засади скапи италијански садници, кои, сега се веќе со крошни. И на Кеј и на плоштад, кој, во тоа време го реконструираше.
Дојде Коце и тој фати да го реконструира плоштадот. Мислам дека ги тргна ристовите италијански садници, засади други. Некои беа исушени.

За неупатените, околу вечерашнава напнатост, станува збор за 30 стари дрвја кои Пенов во 2000-та година ги исече на Кеј и десетина костени на плоштадот ,,Македонија”.

Дечки од ,,Алфа” , другпат поспремни да барате оставки. Вака-не.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!