Кој е најбрзиот и најефикасниот транспорт во Скопје? Ова прашање го разрешија, Петар Спасовски, Никола Николовски, Бојан Никовски и Стефан Василевски, тим од млади момчиња-ентузијасти за почиста животна средина. Тие, снимија видео, во кое визуелно прикажуваат колку велосипедот е најкорисното средство за транспорт во Скопје, наспроти автомобилот и автобусот.
Четворицата се дел од здружението за креирање политики – Conservative.mk.
-Сакавме да направиме споредба меѓу трите најупотребувани начини на превоз, се со цел да го побиеме стереотипот дека автомобилот е најбрзо и најефикасно превозно средство – , ја објаснуваат својата идеја за снимање ваков тип на видео.

Во самото видео, велат, забележливо е дека автомобилот не само што не е најбрз начин за движење низ Скопjе, напротив тука е и стресот поради метежот, како и загадувањето, кон што придонесува како превозно средство.
Како е снимено видеото ?
-Почнувајќи во исто време, со велисипед, автобус и автомобил, од Аеродром, со три различни камери, се упативме кон „плоштад Македонија“. Од видеото, јасно може да се забележи дека со велосипед се стасува на дестинацијата за 13:10 минути, што е речиси двојно побрзо од превозот со автобус или автомобил. Покрај тоа, велосипедот не испушта штетни материи, нема бучава и е најбрзо средство за превоз. – , објаснуваат тие.
Додаваат дека целта на акцијата е преку едноставен пример да покажат дека посакуваните промени кои сакаме да ги видиме и почувствуваме во општеството-треба да започнат од самите нас.
Се надеваат дека секој после гледањето на видеото, секој ќе се запраша -,,Со што ќе одам јас утре на работа/факултет/училиште?”.
За нив, изборот е јасен и упатуваат јавна порака: ,,Користете го велосипедот како превозно средство до вашето работно место, факултет или училиште. Тоа е единствениот начин како може да бидеме во чекор со Европа во однос на свесност за здрава животна средина.”
Големо ДА за Вело-Скопје!
[facebook]