Центар ќе ги строи кафеанџиите кои пуштаат гласна музика

Општина Центар ги информира граѓаните дека за време на изминатиот викенд, петок и сабота, заради секојдневни пријави за бучава од гласна музика од угостителските објекти на територија на општината, како и заради нарушување на јавниот ред и мир пред објектите во ноќните часови, спроведе координирана акција за мерење на бучавата од гласна музика во населба Дебар маало.

Акцијата се спроведе во соработка со претставници на Полициската станица Центар и комуналната инспекција од Град Скопје, во однос на постапување согласно законски надлежности, објасни градоначалникот Саша Богдановиќ.

Редовните контроли на угостителските објекти во ноќните часови ќе продолжат и во иднина, со цел да бидат опфатени сите населби во Центар и да се обезбеди ноќен мир за граѓаните.

КОНТРОЛИ ЌЕ ИМА И НА ,,50 ДИВИЗИЈА”

На прашањето од граѓанин, дали и кога инспекторите ќе ги дисциплинираат угостителите и во реонот на улицата ,,50 Дивизија”, градоначалникот Саша Богдановиќ, одговори дека имаат намера да го контролираат и тој дел од општината.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!