Властите погрешија-мораа прво да се поклонат пред јавноста, а потоа да сечат дрвја

По бројните граѓански реакции и жолчен револт околу исечените јапонски цреши, мој личен став е дека на локалните власти, Општина Центар и Град Скопје, им беше врвна должност да дадат поопширно известување и материјални докази (фотографии и извештаи од стручни лица) за сечата на 13 дрвја на ,,Максим Горки”, најубавиот дрворед во градот. И тоа, две недели претходно, за јавноста, точно и навремено да биде информирана.

Вака, еден ден пред сечата, со сиромашно соопштение на профилите на градоначалниците и тук-таму во некои медиуми -,,исушени се, ќе ги сечеме”, не оди. Направија грешка во чекори, не го запазија редот на нештата.
Едноставно, јавноста е игнорирана, а тоа е погубно за сите кои претендираат да одат на избори. Се множат незадоволствата во метрополата од погрешни одлуки и политичко-информативни потфрлања, а тие на крај прераснуваат во голем минус за властодршците.

Дечки, значи јавноста е жива материја – реагира и изразува револт кога смета дека нешто е погрешно. А, притоа не сте ја убедиле дека правите нешто правилно, за нејзино добро.

Не можете да носите одлуки во нејзино име, а да не ја почитувате. Не може да ја исечете цела лева страна од дрворедот без солидна и издржана информација.
Доаѓаат избори. Многу брзо.

Јавен револт за сечата, утринава, во неколку продолженија, со став и со фотодокументација, изрази и професорот Владимир Милчин. Бидејќи живее во близина и секојдневно минува оттука, тој со фото докази тврдеше дека оваа пролет исечените дрвја расцутеле.

,,Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев. Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа…
,,Вишновата градина” од Чехов завршува со сечење на вишните кои му пречат на новопечениот богаташ Лопахин, претходник на Азманов и сличните нему. Црешите паднаа, монструмот на НАСТЕЛ се крена. Затоа не верувам дека црешите биле болни и дека ќе насаделе нови. Колку грд ден! ,,Варвари” од Максим Горки на улицата ,,Максим Горки”. И насекаде околу нас!”

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!