ДРАЧ: Скопските пожарникари од урнатините спасуваат шест луѓе – четири се деца

– Скопските екипи во моментов работат на спасување на 6 луѓе, од кои четири се деца, кои се наоѓаат затрупани под четири плочи во разурнат објект – информираше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Посочи дека сериозни се тешкотиите со кои се соочуваат пожарникарите во обидот да се спасат овие луѓе, но искрено се надеваат на добар исход.

Освен помош во човечки капацитети, две пожарникарски екипи кои веќе се во Драч, градската власт, на Албанија ќе и` помогне и со материјална помош.
Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе Одлуката за помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари.

– Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи кои се во Драч. Едната екипа е составена од 4 пожарникари,  додека втората екипа е составена од технички лица кои управуваат со термалните дронови и со термалните камери. Оваа одлука е во износ кој традиционално го доделува Град Скопје во вакви случаи, а тоа е 3 милиони денари – кажа градоначалникот Шилегов на седницата.

■ПРОЧИТАЈТЕ: МКЦ Е САМО ЕДНА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ВО СКОПЈЕ ИЗГРАДЕНА СО СРЕДСТВА ОД СОЛИДАРНИОТ НАРОД ОД АЛЖИР – ,,Кутии за донации во МКЦ за помош за Албанија” ■

Во апелот за помош се вклучија и други градски институции.Штабот за заштита и спасување на Јавното претпријатие ,,Комунална хигиена- Скопје” денеска упати повик до сите вработени во претпријатието со свои донации во вид на парични средства или материјална хуманитарна помош (храна, облека, хигиенски средства) да помогнат на жителите на градовите од соседна Албанија што вчера беа погодени од катастрофалниот земјотрес.

Пунктот за помош во ,,Комунална хигиена” ќе биде отворен до 14 часот во сабота – 30 ноември, кога и собраната помош преку Црвениот крст ќе биде транспортирана за Албанија. Со свои донации може да се приклучат и сите останати граѓани.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!