Општина Карпош започна со чистење на големите и ,,евергрин” диви депонии на нејзина територија, места кои со години беа ,,црни точки” за палење на недозволен отпад од несовесни граѓани – се палеа гуми, кабли, бела техника, а просторот беше затрупан од шут и секакво ѓубре. Надлежните ветуваа акција наназад две години, но им фалеше засукување на ракавите.
Затворени се децениските депонии во Бардовци (долж Лепенец), Злокуќани (кај фудбалското игралиште), кај мостот „Газела“ и кај Спортско рекреативниот центар ,,Борис Трајковски”, информираа денеска надлежните.
– Тука со години се палеле огнови на отворено и се придонесувало кон целокупното загадување. Продолжуваме со чистење и на други критични места, а интензивирани се и инспекциските контроли. – потенцираше градоначалникот Стефан Богоев, додавајќи дека сите сме одговорни за заштита на животната средина.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]