По пријава од граѓани, денеска, Инспекторатот на Град Скопје веднаш излезе на терен во населба Пинтија, заедно со акредитирана лабораторија за да се спроведе вондреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер.


Инспекторатот ќе постапи според наодите и извештаите кои пропишуваат санкција според закон. Надлежните апелираа сите засегнати граѓани да пријавуваат секаков вид загадување на амбиенталниот воздух.
Загадувач може да пријави секој граѓанин на Фејсбук страницата на Инспекторатот.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]