Драмски театар-Скопје и Театарот за деца и младинци одлучија приходите од претставите кои ќе се играат на сцена на 30 ноември (сабота) да биде наменети во хуманитарни цели. Раководствата соопштија дека истите ќе ги префрлат на жиро-сметката на Црвениот крст за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.
■ПРОЧИТАЈТЕ: ,,ПЕРО КАМИКАЗА И БОРБАТА СО БОЛЕСТА: СРЕДБАТА СО ДЕДО БОЖЕ [3]”■
В сабота, на репертоарот на Драмски театар е претставата „Несоодветно за на работа“, а Театарот за деца и младинци ќе ја изведе претставата „Петар Пан“.
Драмски театар е објект подигнат по скопскиот земјотрес во 1963 година, со солидарни средства од народот на Велика Британија. Токму поради тоа и улицата на која се наоѓа е именувана – ,,Шекспирова”.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]