Околу 2.000 граѓани денеска маршираа низ скопските улици во знак на протест против неспособноста и неагилноста на властите да ги исполнат предизборните ветувања и да обезбедат чист воздух во цела земја, уставно загарантирано право на секој граѓанин.
Со овој марш, од Министерството за животна средина преку Собрание до Владата, нашата земја се приклучи кон денешните протести на глобалното движење против климатски промени.

Во нашата земја податоците се алармантни и предупредувачки одамна околу овој проблем. Регистрирани се 3.500 смртни случаи во земјата на годишно ниво, поврзани со загадувањето на воздухот.
Од иницијативата ,,О2″ посочија дека според најновите податоци од Институтот за јавно здравје регистрирани се 3.900 случаи од кои 850 починале од рак на бели дробови.
„Марш за чист воздух” го поддржаа 30 граѓански здруженија од цела Македонија.
Организаторите, протестот кој е предводник на ,,Зелена револуција”, го најавија како граѓански, непартиски и мултикултурен.
Во план е протестите да продолжат секој петок, беше кажано од активистите, во најголем дел средношколци.
Пароли со кои граѓаните ја критикуваа Владата беа : ,,Нема воздух, нема мир”, „Здравјето пред профитот“, „Немаме резервна планета“.

Претставниците од граѓанските здруженија до Владата на Македонија доставија вкупно 250 барања. Побараа да се решат проблемите на 12 жешки точки.
Организаторите добија покана од Владата за средба на 2 декември годинава, со став дека извршната власт е подготвена да ги прифати сите аргументирани сугестии и предлози.
Јана Василевска од иницијатива „Fridays for future“ порача дека овој проблем не се решава со криење во ,,шампитата”, односно во зградата на Владата.
,,Можеби наведната глава сабја не ја сече, меѓутоа наведната глава добива рак на плуќа од ПМ10 честици“, рече таа.
Други говорници рекоа дека на властите не им е гајле што носиме маски и што живееме како во Чернобил.
ДЕЛ ОД БАРАЊАТА ДО ВЛАДАТА
Забрана за увоз на гуми и друг отпад, забрана за откуп на старо железо, да не се палат гуми, поставување на монтажни живеалишта за лицата без дом и нивна интеграција во општеството, носење на закони меѓу кои законот за почви, која е загадена, закон за комунална полиција…
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]