Костадин Ацевски е шокиран од хајката: Не сум насилник, тоа го потврди и сопругата

Пратеникот на СДСМ во Собранието на Македонија, Костадин Ацевски, во изјава за joci.mk вели дека не е насилник, како што го оквалификуваа некои медиуми и со тоа му го нарушија угледот, за што ќе бара правна заштита, одговорност и јавно извинување.
И самиот е шокиран од хајката против него од разни структури, кои, имаат за цел да го прикажат како насилна личност.

Тврди дека, вечерта, кога имало јавување во полиција, меѓу него и сопругата во ниеден момент немало физички контакт, дури ни гласно викање, само недоразбирање околу децата, кои, таа вечер сакале да останат со него, во неговата куќа. Тоа го потврдила и неговата сопруга за некои медиуми.

По јавувањето на 27.11 годинава во 21.30 часот, на терен излегле тројца полицајци кои составиле белешка за ,,поплака” и брачно недоразбирање, но сопругата не поднела никаква пријава.

Неговата сопруга за порталот ,,Плусинфо” потврди дека не била нападната во ниеден момент, ни физички, ниту вербално. Потенцирала и дека нејзиниот сопруг никогаш не кренал рака на неа и дека е внимателен. Таа вечер дошло до недоразбирање меѓу нив и самата била изненадена што случајот добил медиумска помпа.

Aцевски, објасни дека тој и сопругата живеат одвоено, но имаат добра комуникација заради децата, која во одреден миг излегла од контрола поради желбите на децата да не одат таа вечер дома кај мајка им.

По оваа случка, рече, и двајцата ќе работат на подобро меѓусебно разбирање, се со цел приватноста да не им излегува во медиуми, а со тоа да бидат ,,храна” за медиуми кои извртуваат факти и кои им нанесуваат семејна штета поради нивните ситни приватни недоразбирања.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!