Геро го пријави Тричковски во ОЈО – пензионерот повикал на бесење

Новинарот Бранко Героски, по неколку десетици опомени и јавни повици до органите по службена должност да спречат говор на омраза, го пријави лицето Бранко Тричковски во Основното јавно обвинителство (ОЈО) за сторено кривично дело – загрозување на безбедност, информираше денеска тој на својот Фејсбук профил.

– Поради ФБ статусот во кој Бранко Тричковски повика да бидам обесен, пренесен и од страна на еден наш портал, денеска во Основното јавно обвинителство Скопје поднесов кривична пријава, за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 1 в.в. став 4 од Кривичниот законик на РМ. Очекувам ОЈО да постапи според законот. – соопшти Героски.

Во продолжение спорниот Фејсбук статус на Тричковски.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!