Онлајн анкета за Буџет: Карпошани си го бараат ,,Партизан”, да престане градењето и повеќе корпи

Повеќе од 300 граѓани досега учествуваа во креирање на Буџетот на Општина Карпош за 2020 година со свои предлози преку онлајн анкетата распишана од локалната власт, информираше градоначалникот Стефан Богоев.

Прочитајте повеќе: ,,Го знаат Марин во партија дека си игра со машнички?”

Дел од предлозите на граѓаните, како што објави Богоев се: регулација на паркирањето, почесто миење на улици, да не се гради насекаде, да се врати ,,Партизан”, дневен центар за аутизам, повеќе фитнес зони, повеќе корпи за отпадоци кај ,,Млечен”, обнова на плочникот во Влае.

Станува збор за анкетен прашалник кој граѓаните го пополнуваат, а добиените резултати, ќе им помогнат на општинарите, до стасаат до попрецизни податоци за реалните проблеми и потреби на граѓаните (селектирани по населби).

– Со помош на овие показатели, Општината ќе формира приоритети, според кои ќе го проектира Буџетот за 2020 година на Карпош. – објаснуваат од Карпош.

Анкетата е во тек.
Сите заинтересирани може да пополнат прашалник и да влијаат во креирањето на буџетските програми на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfoiyDHPJyln6LKntKIjvJXt6pykKr9DrjDcf-H3OAaE8yixQ/viewform

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!