Кејти Џен не барала пари!? И Менсон не закла луѓе, па го осудија на смрт

Пишува:// Јорданка Ивановска – Јоци

Кејти Џен, никогаш, ништо не побарала директно од типот на пари од Камчеви!? Тоа го чувме денеска како одговор од Ана Камчева на прашање во судскиот процес ,,Рекет” од бранителите на Катица Јанева.
А, на Јанева и беа пронајдени 50.000 евра кеш како доказен материјал во процесот, информираше неодамна обвинителката Вилма Русковска.

Туку да ја скратиме прикаската.
Па, и Чарлс Менсон, познатиот лидер на секта, чии следбеници убија 7 луѓе во 60-те години од минатиот во Калифорнија, САД, не повлече пиштол и не се фати за нож. А, сепак луѓето беа масакрирани, а тој беше осуден на смртна казна, подоцна преиначена во доживотна робија од Врховниот суд.

Значи, бранители на Јанева, ве замолуваме да не ја сметате јавноста за неинформирана и неука. Во смисла ако не барала директно пари, дека не зела преку посредници.
Да, секако разбираме дека обвинителите, а не вие, треба да докажат дека тие 50.000 евра, пронајдени кај неа, се дел од оние кои Бојан Јовановски ги зема со себе во чантата ,,Луј Витон”. Се надеваме дека Русковска има несобирливи докази и дека нема да разочара.

Имено, ете ви го случајот ,,Еразмус”, чие рочиште беше денеска каде сведоци дадоа искази дека барањето секс и кеш од професори на Економски факултет – одело преку посредници.

Да завршам со Менсон. Тој, никогаш директно не барал од неговите следбеници да убијат седум луѓе, тој самиот физички не ги убил, но сепак во неговиот случај се докажа заговор од расистички лидер на култ, самиот тој, кој промовираше и инспирираше убиства. И имено заведуваше жени тоа да го прават за него.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!