Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во емисијата ,,360 степени”, се жалел како биле снимани од крајно непрофесионални аматери, на средбата со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на Самитот на ЕПП.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Петре и Коце ќе си ги мерат”
За волја на вистината, на видеото се гледа дека наоколу нив има камерман со службена картичка, а се слуша и сликањето од фотоапарати, што укажува на свесноста дека во просторијата има луѓе кои снимаат и сликаат, а притоа никој не прашува зошто. Всушност, камерманот е токму пред Николоски, а не зад него. Што сака да постигне Николоски со упатените навреди кон Борисов дека биле снимени тајно, и тоа аматерски со мобилни телефони, дека цела делегација не виделе камери – е нејасно.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија. Видеото на кое се слуша како тој зборува и бугарски, на „Фејсбук“ го објави Борисов.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,ЉУБОВ ВО СКОПСКАТА ЗОО: Леопардите Јихлек и Сабина се мазат, а пазете се вие”
На прашањето на Борисов дали ВМРО-ДПМНЕ го поддржува договорот за добрососедство, Мицкоски, изјави: „Сè што може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија, ние поткрепиме, тука, исто така, не треба да има дилема”.
https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2591682201059834/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]