РЕТРО: Бата Живоиновиќ: На премиерата на ,,Валтер” во Кина, луѓе викаа – ,,Батеее, батеее”

РЕТРО: ОБЈАВЕНО НА 23.12.2013 ГОДИНА

Следен пат кога ќе чуете било кој на ТВ како вели дека е популарен, сетете на напишаново.

Гледав емисија на ,,Хистори” каналот за југословенската кинематографија, поточно за режисерите на партизанските филмови. Беше кажано дека партизанските филмови за југословенските народи се исто толку култни како што е вестернот за американците.
Туку, Бата Живоиновиќ , кој ја играше главната улога во „Валтер го брани Сараево“, раскажуваше како филмот доживеал премиера и низ Кина, арапските земји, африканските. Со други зборови- го виделе милиони луѓе. Бата и Љубиша Самариќ беа дури и натсинхронизирани на кинески јазик.

Постерот за ,,Валтер го брани Сараево” за кинески пазар

Туку, оди Бата во Кина на премиера и се стаписал, кога , со овации, го пречекале неколку илјади луѓе пред кино сала . Потоа го однеле во пустината Гоби и се шокирал, бидејќи таму немало ништо освен пустина, камоли кино.

И сега, морам да ви го пренесам автентично актерот. Кажа -„одиме, одиииииме, ништо, бре, брате, само песок и рамнини. И во еден момент здогледавме едно мало брденце. Когааа….од него почнаа да излегуваат луѓе. Неверојатно, тие луѓе живееја во брдо од песок! И во еден момент ме здогледаа и почнаа да викаат – ,,Батееее, батеееее…“

Е ,тоа беше држава.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!