Името целосно го оправдува нашата Хелена Роза, популарната македонска водителка, шоуменка, провокативна јавна личност која сакаше да ги бранува домашните медиокритети со своите емисии и настапи.
Веќе 4,5 години со сопругот Игор, ќерката Кјара и тригодишниот син Тиан, живеат во Нов Зеланд.
Хелена, сега, работи како бренд-амбасадор во фирма за брендинг и маркетинг ,,Брендспанкинг”. Последна година е на студиите за дигитален маркетинг на новозеландскиот институт за едукација-NZIE и за некој месец ќе добие диплома за дигитален менаџер.
Игор е поранешен фудбалер, кој во Нов Зеланд работи како електричар.
Ќерката Кјара работи во служба за корисници на весникот ,,New Zealand Herald”. Студира право и интернационална политика на Оукленд Универзитетот, најдобриот во Нов Зеланд (НЗ). Воедно, Кjaра, е секретар на подмладокот на Акт-политичка партија од НЗ . Исто така е избрана за официјален преставник на младите од Оукленд во бордот на партијата Акт.
Малиот Тиан оди во градинка.
Во моментов, во посета е нејзината мајка и ова и` е второ доаѓање во НЗ. Првиот пат дошла кога Хелена била бремена со Тиан. Сестра и`, Ребека, уште не го посетила НЗ, но затоа пак Хелена, Игор и децата веќе два пати во овие пет години беа во Македонија.
Не сум тип кој прави резолуции за нови години, желботеки и ветувања на себеси од типот – ,,Од Нова Година ќе сменам ова или ќе направам она”. Работите…желбите и одлуките ги носам кога ќе созреат, независно кога ќе биде тоа.

Повеќе можеш, сакаш, се чувствуваш посигурно, побезбедно, пораат?
ХЕЛЕНА: Посигурно се чувствувам за 100 отсто, за жал…или за среќа. Се чувствувам попочитувана, поодлучна, поисполнета, отколку во Македонија.
Луѓето знаат да кажат дека кога ќе заминеш да живееш далеку од татковината, секаде ќе бидеш граѓанин од втор ред, бидејќи си дојденец. Не можам да го споделам тоа искуство за мене и НЗ. Искрено се чувствувам повеќе своја и повеќе вреднувана околу сопствените способности и квалитети.
Раатот е голем тука, сериозно првпат го сфатив значењето на ,,раат” во вистинска смисла на зборот последнава година откако сме во НЗ, откако средивме документи. Некако нештата конечно си дојдоа на свое место. Во Македонија, невозможно е да си раат. Всушност, не знаеме воопшто што е вистинско чувство на ,,раат”.
НЕМАВМЕ СТАН И БРОЕВМЕ ПАРИ ОД 1-ВИ ДО 1-ВИ
Нашите политичари имаат различни теории за иселувањето на нашите луѓе во странство. Малтене будалаштини, за политички циркуси. Зошто заминавте со Игор? Како семејство сфативте дека тука нема иднина, сигурност, ве оптеретуваше стравот, неизвесноста или тоа беше каприц кој излезе убава прикаска?
ХЕЛЕНА: Кога по 20 години работа и кариера, па некогаш дури и по две работи паралелно, ќе се освестиш дека на свои 38 години немаш уште свој стан, броиш пари од први до први, преживуваш и не гледаш во блиска иднина дека нешто ќе се смени, не само за мене, туку и за моите деца, си велиш – ,,време е за драстични промени”.
Бидејќи во Македонија не е возможно да се биде материјално успешен без притоа да не бидеш дел од политичка гарнитура, на сите ни е повеќе од јасно. Искрено мене можеби малку повеќе од другите, бидејќи во мојата кариера имав илјадници такви понуди, кои сите, ама сите до една – ги одбив.
Многумина велат дека паметните искористиле и дека грешам, но ете јас не отстапив од тоа да не се инволвирам во никакви игри со ниту една политичка партија.
Да, тоа ме чинеше многу, можеби премногу. Но, јас не би менувала ништо. Среќна и горда сум што припаѓам на оние јавни личности во Македонија, кои, никогаш не си ја продале душата на ѓаволот за парички на некоја партија, а такви се броиме на прсти на една рака.
Еден куп неисплатени сметки, неисплатени хонорари, проекти, кои, секаде би ми донеле пари, а во Македонија ми донесоа само тапкање по рамо. Сфатив дека во Македонија не можеш да направиш пари и да заработуваш ако не си поврзан политички и точка. Можеш да преживуваш и толку.

Ти немаше никогаш маска за нашата средина, наспроти тукашната маскарада. Во последните две децении остави печат како напредна, самоуверена, независна, бескопромисна жена, но и несфатена.
Мислиш ли дека сега има место за жени како тебе или јавноста не порасна нималку во однос на конзервативизмот?
ХЕЛЕНА: Да се биде свој и различен, да се биде индивидуалец е многу тешко секаде, не само во Македонија. Иако, морам да признаам дека во нашата земја е екстремно и далеку потешко, отколку било каде. Кај нас е непростливо да си привлечна, интелигентна и успешна жена. Не би рекла воопшто дека сме конзервативно општество, ни најмалку. Повеќе би го опишала со зборовите – малограѓанштина и простотилак. Види, јас сум тип на човек за кој или гинеш за него или не го поднесуваш. Луѓето кои ме познаваат добро, точно знаат каква сум, дека сум другарчина што во 5 наутро ќе долета ако треба од Нов Зеланд до Македонија за тебе, дека никогаш не зборувам зад грб, дека прекрасно готвам и сум пожртвувана мајка. Знаат секогаш ,,на што се” со мене. Луѓето кои ме доживеале само преку скандалозни и неумесни наслови на таблоидите имаат погрешна слика за мене. И не им се лутам за тоа. Но, пак ќе кажам, кога немаш ,,грб” во Македонија, ќе ,,го јадеш”. Од почетокот на својата кариера до последно, немав силен менаџер, немав силен швалер, немав силен маж…кој ќе стои зад мене и ќе р’жи. Никогаш со новинари не влегов во конфликт, не се заканував, препукував. Често тоа искомбинирано придонесе да сум често ставена во измислен контекст, измислени прикаски и невистини. За разлика од жени на естрадата, за кои сум мало дете, но никогаш за нив никој не се дрзнал да ја напише вистината за нив, а камоли да измисли нешто. Бидејќи, имале ,,грб” од силни и влијателни мажи. Интересна е нашата ни естрада, толку лажна да искрено на моменти сум се каела што ете – јас сум дел од неа.
ИНТЕРЕСНА Е НАШАТА ЕСТРАДА, МОЖЕБИ ЌЕ НАПИШАМ КНИГА – ШОКАНТНА ЗА МАКЕДОНИЈА
Но, потоа си велам – зошто!? Што тоа ќе смени? Само ќе нанесам штета некому и така си молчам. Можеби, еден ден, ќе напишам книга, која би била шокантна за цела Македонија.
Во банка се чека и тоа доста време, бидејќи 90 отсто од луѓето завршуваат работа преку интернет. Поради тоа, во банка има само еден шалтер, па ако треба да одиш, ќе си почекаш. Но, сите се фини, опуштени, насмеани.
Додека чекаш едно 100 пати ќе ти пријде менаџерот на банката и ќе ти се извини што чекаш, па потоа службеничката ќе ти се извини, па дури и ќе обесат испринтан лист со јавно извинување.
Еве, пред некој ден, имаше интересна случка. Бевме да пазариме за Божиќ, сите ,,топ тан” – Игор, Кјара, Тиан и мајка ми Роза.
Пред нас излегуваше автомобил, а отспротива веќе имаше возило со еден дечко кој имаше дадено трепкач дека ќе се паркира на местото од каде излегуваше првиот автомобил. Убаво место, веднаш до вратата на продавницата.
Пред да се паркира, погледна, виде дека сме со дете и постара жена и замисли – ни отстапи место. Иако, беше пред нас. Бидејќи, ќе најде тој и друго, сам е, може да пешачи и подалеку за паркинг простор. Вакви случки секојдневно ме воодушевуват.
Секогаш сум била чесна и директна во комуникацијата со нив. Дали сум имала непристојни понуди, апсолутно – ДА.
Но, никогаш неумесни и никогаш не сум имала проблем поради тоа, барем јас не знам за такво нешто.
Мојот однос бил таков, што во 100 отсто од случаите сум останувала топ другар со тие мажи, потоа.
Ја почитувале мојата отвореност, фер однос. Никогаш не сум била жена која играла на ,,две столици”, жена која го користела изгледот за да добие нешто.
Никогаш не сум манипулирала со мажите за да добијам нешто. Тоа, сите, кој порано или подоцна, го согледувале и екстремно сум била почитувана поради тоа.
Во мојот живот, најмногу сум патела од аспект на жени. Жени ми правеле мобинг, ми ставале сопки, ми предизвикувале непријатности. Во Нов Зеланд немам искусено такво нешто, ни одблизу.

Не знам, политичката сцена во Македонија е разочарување. Нема политичка трета опција, нема независни партии, нема нови дечки. Се вртиме во круг. Луѓето се заморуваат со афери и корупции, наместо со квалитет на живот. И двете големи политички партии играат на карта ,,популизам”, реториката им се базира на тоа што сака да слушне народот, а не што реално треба.
Не знам како да ни дојде памет, дека не постои ништо како бесплатен ручек, дека за да се оправиме како држава ќе треба да кренеме рачна и да почнеме да штедиме, а не да се расфрламе со закони, регулативи и слично кои дополнително го чинат Буџетот пари само да се соберат екстра гласови до наредни избори.
Просто ми е несфатливо како досега на луѓево не им стана јасна играта која ја играат и манипулираат. Како уште се ,,палат” на говори, тетовираат политичари, бакнуваат раце и се расправаат за политика. Еве, се обидувам да сфатам – не можам.
ХЕЛЕНА: Го најдов во ,,Ред кафе” во Аеродром, дојден од Дојран, пред само 6 месеци работеше таму. Си го бендисав, му оставив број да ме побара на сметката што ни ја донесоа, излеговме на кафе, по неколку дена знаев дека ,,тој е тој”. По месец дена, почнавме да живееме заедно. Пред него бев повеќе од 8 години разведена, за тој период нормално не бев сама без никого, но никогаш не собрав храброст со некого да почнам да живеам или пак да го донесам дома на Кјара. Ни на крај на памет. Мојот приватен живот беше само мој. Но, со Игор знаев дека ,,тоа е тоа”. И очигледно сум била во право. Игор е најдоброто нешто што ми се случило во животот, нормално покрај Кјара и Тиан.

За нашиот Божиќ, задолжена е Роза, мајка ми. И секако ќе биде со сарми, руска, баклава, кифлички, гравче.
Нели, ние, во се` сме најдобри, така некако и со сексот во Македонија. Многу љубовџии во теорија. А, во пракса, со 80 отсто од жени со кои сум муабетела, кажаа, дека мажите не знаеле ни каде им е клиторисот.
За да донесев гостин во емисија се ,,раскостував”. Никој не сакаше да сподели мислење на ниедна тема, чест на исклучоци.
Затоа што едноставно, немаа што да кажат.
Вџашена бев, колку не знаеја што е афродизијак, петинг, свингерај….
Од друга страна, интересен ми беше фактот, што мојата емисија ,,Гола вистина” имаше најбројна публика кај жени од 45 до 65 години. “, раскажа Хелена.