СЕЕЊЕ СТРАВ И ЗАКАНИ: Блескав, затоа што горев [2]

Новинарите, јавните личности, политички коментатори исто како лекарите, медицински лица, судии, извршители и други, се бават со ризични професии. Што е ризикот? Секогаш зад себе влечат цела армија задоволни, но и незадоволни луѓе. Поради тоа постојано се мета на закани, клевети, навреди, измислици. Но, од друга страна овие професии се моќни
Но, секој има избор. Или ќе научи да ,,плива” во морето со ајкули или нека сади цвеќиња и ќе биде безбеден.
Од друга страна, ќе ,,горите” и ќе блескате, како што вели една мисла.

Одбранбениот механизам е многу важен за оние кои коментираат политика. Важно е да ги исклучите емоциите. Ако на оние кои се силат им покажете дека се плашите, тие ќе ве притиснат. Мора да им укажете со зборот, како знаете и умеете, дека не се плашите да им објавите се` до крај. Тоа значи и да влезете во водите на приватниот живот ако толку се фиксирале на вас и се ,,заиграле”. Да ги полеете со ,,жолта боја”,
,,Булеварските” вести се најчитани во светот, па и кај нас. И моќно ги елиминираат оние кои претендираат за политички функции.

Конкретно, јас, ако некој ме навреди од позиција на моќ или ми ја загрози безбедната зона, изигра валкано, не штедам по ниеден основ.
Ќе го споменам примерот со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, кој јавно ме навреди на туѓ профил во февруари 2017 година, а потоа го избриша коментарот. Се искара со мене за критика за два контејнера кај ,,Градежен”.


Му дадов 24 часа да се извини. Тоа не го стори и потоа му ветив дека нема да биде повеќе градоначалник на Центар. Секако, тој беше во зенитот на својата моќ, не му беше верно она кое му го кажував дека ќе се случи. Жеки обожуваше да се шета по ,,Боемска” и сите да го поздравуваат со – ,,Добар ден, градоначалник, како сте?”.
Тоа е тоа локал ,,шепурење” и полнење его. Моќ, власт, поголема и од премиер, бидејќи локал моќниците не се секираат за толку многу проблеми како премиерот, а владеат над голема група граѓани.
Епа, ,,умре” тоа. Одамна.

Првиот дел од сторијата прочитајте го на следниот линк: ,,Кој ќе преживее до 12 април, ќе раскажува”

Моето ветување го исполнив, не доби кандидатура. Како? Па, тоа се мали тајни на големите мајстори.

Ќе дадам и втор пример. Екс директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски, на кој ништо лошо не сум му сторила во живот, а најдругарски пиел кафе со мене, од позиција на моќ напиша исмејувачки пост за мене околу моите прогнози за Локалните избори 2017. Под тој пост имаше стотици навредувачки коментари за мене. Јавно му порачав да го тргне и да се извини. Не го стори тоа. Знаете како е, директор беше човекот. Фотелјица.
Му објавив јавно незгодни пораки за премиерот Зоран Заев. А, кај него на профил му напишав дали жена му знае што прави.
По две недели, дома, ми стаса опомена пред тужба и барање за јавно извинување. Па, додале децава – и ,,повлекување на постовите”.

Преку адвокат му беше пратен допис-одговор – извинување нема, повлекување постови никако, а јавно му напишав дека во судница ќе се читаат други незгодни пораки. Ќе викнеме и медиуми.
,,Жолтило” колку сакаш, забава за народ, јас бев спремна за тоа. Тој не беше.
Ако правиме театар, да правиме до крај. Актер, а не сака театарски игри со мене. А, сака да се сили.
Се повлече. По неколку месеци беше сменет и сега ми кажуваат пишувал против Заев. Тажничко, богами.

Јас секогаш играм до крај. Никогаш не се повлекувам и не заборавам ништо на неблагодарни луѓе. Закани, навреди, клевети, од луѓе кои се на позиции, кај мене не поминуваат. Напротив, ме мотивираат да ,,изгорам” се` до пепел. Кога некој ќе тргне против мене, заборавам и на етика и на морал и на се`.

[padding right=”10%” left=”10%”][/padding]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!