Пишува:// Јорданка Ивановска – Јоци
,,Боки 13 се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта…Груевски може да е организаторот на ,,Рекет”….тој ја контролира Владата на СДСМ…новинарите кои работеа во 1ТВ, свесно или несвесно, работеле за Груевски..”.
Сето ова, вчера, излезе од устата на Бранко Героски во емисијата ,,Што не е јасно..” на Алфа телевизија. Што е право, ништо не беше вчера јасно никому што зборува Геро, а пиеше вода во студио. Бар мислевме дека е вода.
Кој ја гледаше емисијата веројатно громогласно се убил од смеење од новите ,,тези” на Героски, кои баш личеа на некој скеч од ,,Пинк”, со кој се забавувате додека полупијани чекате Стара Нова Година во биртија.
Ги уби сите вмровци во поим со Груевски после шест месеци ,,возење” на прикаска дека многу луѓе во СДСМ биле можеби вмешани во ,,Рекетот”, па дури ја зачини бајката и со новинарски ,,ѕвездени тимови” од ,,шарените”.
Тезите му нови, тој, лабаво, сталожено и како нешто нормално, ги набројуваше во емисијата, не размислувајќи дека јавноста не само што нема да го сфати, туку и за две секунди си го стопи кредибилитетот околу ,,рекет-мекет”, а и самиот си пушти се` низ вода. А, можеби и неслучајно!?
Не за друго, туку Героски до завчера по колумни нафрлаше, и тоа со месеци, дека СДСМ треба да понесе политичка одговорност. И имено целата прикаска за ,,Рекет” беше со алузија за вина врз власта на Зоран Заев и неговите министри, пратеници, соработници…
Водителот на емисијата, Горан Момироски, видно збунет од она што го слушаше, на моменти не знаеше да ја сокрие својата нервоза со коментари од типот – ,,Ама, Героски, нели е сето ова малку смешно за Груевски?”.
Не му се слушаа такви нешта на човекот, кој во време на Груевски си беше дописник на МИА од Берлин и си уживкаше.
Не, стварно, Геро. Ај и јас што попаѓав од смеење додека ја гледав репризата со која ја изневери твојата нова ,,патриотска” публика, која пеколно те пцуеше во коментари на ФБ и го извади од кондури Момироски, туку ти сериозно веќе немаш никаков факин фокус во ,,аферава” која стварно се претвора во лош скеч за широки народни маси.
Значи, не можеш со месеци да пишуваш ,,СДСМ..Заев…Рекет” и потоа да велиш – ,,Па, ок, можеби Груевски е организатор”. Јавноста не функционира така, чУече! Си учел ли јавно мислење на факс или ја скокна таа лекција? Ја ли да те учам тебе за тоа?
Еве, не знам стварно веќе кој ќе ти верува што и да напишеш после ваквите тези, па уште одозгора и најавуваш уште забава пред избори. Со акцент, аферава сериозно ќе го стопела кредибилитетот на СДСМ!? Зар, ова уште ти личи на афера со импакт врз СДСМ со твоето вчерашно уверување за улога на Груевски!?
Ма, дај!
П.С: Да си ги прочиташ коментарите на ФБ под линкот на ,,Алфа” од ,,патриотите”, на кои вчера им соопшти дека Преспански договор е добар договор и дека Груевски е организатор на ,,Рекет”.
Ти реков јас ,,елај си во наше јато”, ти – не!
Е, ај, добро, тетерави се сега сам и потпирај се мамурен и изморен по бандери.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]