ТЕЛЕЗБОКТИС
Пишува:// Јорданка Ивановска-Јоци
Отишле од нашата ценета и почитувана ТВ ,,Алфа” в’ф Струм’ца да бараат сведоци за некаква си афера – купување на гласови.
Ај, добро. Викам, да видам шо ќе кажат луѓево. Можда и стварно нешо ќе откријат. Ручам и гледам.
Уклучиле камери, дописници, драматични гласчиња до плач, мислиш ќе слетува Трамп во Македонијава или ќе лансираме ракета на Уран ,,Александар Велики Груевски мајка Надин”.
Момироски во студио се дотерал ептен да не случајно го пренесат ,,Фокс њуз” или ,,Си ен ен”, да биде спремен чоекот. Ного јаки ствари открива, го поместува Универзумов, земјини плочи.

Коа тоа, дописничкава од Штип, која стасала на струмички плоштад, ептен возбудена и потресена како да и` се соблекол манијак скриен во некоја елка, ни кажува како ете – никој не сакал да се снима!? Ај, сеа!? А, ние пред тв чекаме докази, сведоци, плачки од типот – ,,даааа, ме натераа да гласам, а ја не се бунев за пари”.
Нашла таа сведоци пустинската, ама ете – ние не можеме да ги видиме. Се` и кажале на неа, и` се исповедале ко на поп, ама ете – ги нема во камера на девојчево со микрофон. О, боже!
Тоа му доаѓа ко ја, без докази и сведоци, да најдам и да земам да пишувам цел месец, како некој од јака функционерска вмројна се плескал со ист пол, ама ете – тој другиот не сака да раскаже пред камера.
Ај, тоа. Него, на крај девојчево правеше анкета во турско маало. Е, тука веќе се исплукав од смеење. И супа и се`, бербат.
Водителкава ги прашува на струмички луѓево – ,,Слушнахте ли чера шо објави итаљанскиот весник за ваш’та улица?”.
И паз’те чоеков – ,,Ништо не сме слушнале, никој ништо не слушнал, никој не сака да говоре ништо”. Ја скапа, на ,,дијазепами” ја стави.
Одиме со друг, истото прашање: ,,Немаме појма од таа работа. Тава е”.
И си викам, ај гревоиве од телевизијава бар еден ќе најдат нешто да каже. Кога имаме трет – ,,Ништо такво не сум слушнал, првпат од вас слушааме такво нешто”. Имаше и четврт кој кажа – ,,Не` лажат нас народо’, не лажат…нишо не видееме на снимки”.
Ломоина. Луѓево ги заплескаа по газиња ко мали деца. Не се тие толку глупави.
Значи, мачиња. Кога се прави афера, скандал, прво се обезбедуваат докази и сведоци, а потоа се тера прикаска пред јавност. Ако сакате да има импакт, а гледам терате нешто на гурање, со сила, како со индиска рикша. И ви пресисува се` за еден ден.
Боже ме опрости, али малце сте ми како дезориентирани, ко изгубенки у планина, ко да чекате бус на погрешна станица, ко да никад не сте работеле афери, па зрно грашоче си го викате скандал, стварно не ве бива. Ја да ви бев шефица, сите ќе ве избркав. Добро, ај не сум толку лоша, ќе ве стаев да полевате цвеќиња.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]