Факт – брачниот пар, Маја и Ѓорге Иванови, ги немаше во арсеналот ,,бомби” кои во 2016-та ги ,,распука” екс премиерот, Зоран Заев и со нив ја урна Владата на Никола Груевски заедно со граѓаните. Ги немаше баш во ниедна!
Се прашувате зошто?
Редот на нештата е следниот.

Наќе Чулев, екс директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), наименуван од Иванов под чии ингеренции е оваа институција, а сегашен технички министер за внатрешни работи, на брачниот пар Иванови им дал на користење два паралелни ,,безбедни” телефони од Агенцијата уште во 2012/3-та година, токму во периодот на масовно прислушување на политичари и јавни личности од минатата власт кога премиер е Никола Груевски.
ЧУЛЕВ ДА ДАДЕ ОТЧЕТ ПРЕД ЈАВНОСТА, НО И ИВАНОВ
Дали токму поради ова, Иванови, ги немаше во ниедна ,,бомба”, останува голема дилема која на прес-конференција на јавноста задолжително мора да и` ја разјасни техничкиот министер за внатрешни работи, Чулев.

И уште едно важно прашање мора да одговори овој човек и Иванови, кои ги плаќаме сите ние – зошто токму во тој период на масовни прислушувања, цели седум години, тој им дава на располагање ,,безбедни телефони” на Маја и Ѓорге Иванови? Дали сите тројца знаеле за прислушувањата на власта на Груевски? Ако знаеле што преземале, односно непреземале?
КОЈ ИМ ДАЛ ,,РАЗУЗНАВАЧКИ” ТЕЛЕФОНИ НА ИВАНОВИ-ЧУЛЕВ ИЛИ СИНИША АЛЕКСОВСКИ?
Оваа информација за ,,безбедни телефони” на 20 февруари за телевизија ,,Телма” ја потврди самиот Чулев. Но, тој се задржа само на трошоците, но не и на суштината – кои се тие ,,безбедносни причини” поради кои Иванови останаа навистина безбедни од масовното прислушување. И имено кој им ги дал – дали самиот Чулев или пак Синиша Алексовски, некогашен советник за безбедност на Ѓорге Иванов, своевремено именуван како ,,десна рака” на Маја Иванова и од МВР трансфериран во Агенцијата.

-Сумата не е голема бидејќи станува збор за повеќе години, а целта беше од безбедносни причини – , изјави Чулев, запрашан зошто Иванови користеле два ,,безбедни” телефони и АР уште одозгора им плаќале и сметки. Воедно, тој ја кажа само сумата за претплата – 12.000 евра, не и дали се држеле до лимитот или редовно го пречекорувале седум години.
Со оваа изјава, самиот Чулев, потврди дека Иванови користеле паралелно четири службени телефони – два кои им следувале со претседателската функција на сопругот и уште два ,,безбедни” дадени од Агенцијата за разузнавање (која е под ингеренции на Претседателот на државата). Сите телефонски сметки им ги плаќала државата и АР.
Клопчето околу целата оваа опскурна сага почна да се одмотува откако дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, неодамна, обвини за недомаќинско работење на АР, во тоа време под владение на директорот Чулев.
Автор: Јорданка Ивановска
Заглави трансферот за Синиша Алексовски-десната рака на Чулев и Маја Иванова
Пред неколку недели, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, започна процедура за преземање на Синиша Алексовски, екс советникот на бившиот претседателот Ѓорге Иванов. Двајцата имено работеа заедно во АР, изминативе неколку години и за нив се вели дека имаат блиски и тесни релации, уште од времето на Ѓорге Иванов.
Трансферот кој Чулев го бара треба да се реализира на релација Агенцијата за разузнавање-МВР.
Претходно пет вакви трансфери веќе се случија, но она на Алексовски и на уште две лица е на стенд-бај.
Во неодамнешното интервју за ,,360 степени”, дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска одговори дека Алексовски, и покрај барањето на Чулев, не е префрлен и не е на платен список во МВР.
Неофицијално, трансферот не е реализиран поради правни процедури предвидени за техничка влада.
Хронологија на кариерата на техничкиот министер
Наќе Чулев во 2012-та година, стапува на функцијата в.д директор на Агенцијата за разузнавање, наименуван од Иванов, а во 2013-та година ја презема и официјално директорската позиција во оваа важна институција. Функцијата ја извршува до март, 2019-та година. На местото технички министер за внатрешни работи во 2020 година доаѓа како кадар на Агенцијата, каде останува како вработен и по завршувањето на мандатот на Иванов.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
📤 Содржината е дозволена за слободно преземање со една третина од текстот и хиперлинк до веб страницата.