Чулев ќе протестира за професионално МВР, а потроши 2 милиони евра за маски како министер⁉️

Екс техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој се врати во Агенцијата за разузнавање и кој е дел од третиот полициски синдикат, утре, ќе протестирал заедно со припадници на МВР. Како што самиот напишал во повикот – за подобри услови, почитување на права и достоинствен живот.
Никој не им забранува ℹ

Но, она што е интересно е дека ,,Синдикат на полиција во Македонија”, кој е организатор на утрешниот протест, почна со работа ова лето, токму кога Чулев беше технички министер за внатрешни работи.
Во тоа време, на Канал 5, имаше прилог каде претседателот Орце Коцевски ги нарече тенденциозни сите обвинувања дека третиот Синдикат бил формиран за да се замолкнат другите.

Имајќи предвид дека Синдикатот постои неполна година, прашање е колкумина вработени од МВР се дел од него и се незадоволни како Чулев.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Венко да излезе на прес и да каже дали Камчев ќе профитира од новите законски измени

Да се потсетиме кој е Наќе Чулев, кој утре на улица ќе бара поголеми права за полицајците, поголемо достоинство, ќе барал да се врати професионализмот…

ℹ Пред неколку месеци, негов советник во кабинет за време на полициски час беше стопиран од полиција и наместо да биде казнет, тој го навредуваше вработениот кој си ја вршел работната задача.
Истиот советник, на изборен ден, на снимка во Тетово го слушавме како упатува пцовки и навреди кон колеги полицајци. Чулев не го разреши. По формирање на новата Влада, советникот, беше отпуштен од работа.

ℹ Чулев е истиот човек, кој, во нетранспарентни набавки, за 3 месеци, потпиша и исцеди 4 грујови ,,мерцедеси” или 1,9 милиони евра за маски, ракавици, одела од Буџетот на Македонија.
Уште не се влезени ревизори во МВР, во документи на овој лик, кој, имено потроши двојно повеќе пари од медицински установи. А, за тоа време прими исти такви донации од Словенија и Унгарија.

ℹ Доцнеше со набавка на заштитна опрема за полицијата, останатите синдикати реагираа постојано околу ова, имаше многу заразени колеги, а за тоа време, Чулев, снимаше спотови.

ℹ Ангажираше 80 полициски возила за видео-спот, за маркетинг, во време на вонредна состојба и полициски час.

ℹ За време на негов мандат, дента кога се снимаше спот, се урна полициски хеликоптер, а за среќа немаше жртви. Никој потоа не кажа што точно се случило и која е штетата по Буџетот.

ℹ Чулев, најбезобразно и ,,најпрофесионално” му даде број на неговиот партиски шеф, Христијан Мицкоски, од помошникот министер во МВР кој ја водеше истрагата за ,,Теретана”, за вториов да му кажел збор-два.

ℹ Ги остави граѓаните на Македонија неколку месеци без пасоши и обрасци за возачки, создаде хаос во набавката, а го обвини за тоа Оливер Спасовски.

ℹ По доаѓањето на позиција – технички министер, ги укина наредбите од Оливер Спасовски и направи хаос во обезбедувањето на Претседателот Стево Пендаровски. Бараше едно возило да биде вратено во МВР, а Пендаровски доби и двојно обезбедување – своето и она на Ѓорге Иванов, веќе распределени во други единици.

ℹ Со службени возила, во ек на кампања, беше сликан со граѓани на неформални средби.

ℹ Пред избори, сопругата и децата ги прати во вилите на МВР во Охрид. Да одморат луѓето и да се шлапка сопругата во езеро.

Е, токму за ова се бори Чулев. За сиве овие привилегии, комфор и нетранспарентни милионски набавки, моќ и партиски привилегии, кои ги изгуби, вечерта на 15 јули, 2020 година.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!