Скапите прослави од минатото по повод роденденот на Општината Карпош, овие три години ги заменивме со активности кои се важни за граѓаните и заедницата, информираше градоначалникот Стефан Богоев во пресрет на роденденот на општината – 3 ноември. Комуналните служби, викендов, отстрануваат несоодветните натписи и пораки кои шират говор на омраза. Исто така, се интензивираат активностите за подигнување на јавната хигиена.
Во пресрет на 3 ноември ќе се засадат и 450 нови дрвја, донирани се 35 единици крв, општинарите подготвуваат 80 социјални пакети, номиниран е заслужен граѓанин, а младите пишуваат и цртаат на одредени теми.

Бившиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, беше познат по кафеански скапи роденденски прослави за време на неговиот мандат, каде дефилираа вмровски функционери. Врвот на неговиот лош вкус и расипништво беше настапот на Маринко Роквиќ на плоштадот ,,Делфина” во Влае во рамки на ,,Денови на Карпош” во 2014 година.

Карпошани беа шокирани од неговото самоволие и дрскост од општината да прави панаѓур. Реакциите беа дотолку жестоки во јавноста, да некои Јакимовски го нарекоа – ,,сељачки грип”.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Во Чешка недостасува болнички персонал, средношколци помагаат во болниците
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]