[Видео] Терористички напад во Виена: Пукање близу Синагога, има убиени и повредени

Во центарот на Виена, вечерва, околу 20 часот, истрели од огнено оружје слушнати се во близина на главната синагога во Виена, Штадтемпел или Храмот ,,Сајтенштеттенгасе”.

https://twitter.com/disclosetv/status/1323361924671807488?s=20https://twitter.com/disclosetv/status/1323348213097730050?s=20

Според првичните извештаи, едно лице е убиено, а неколку повредени. Но, некои медиуми известуваат за повеќе убиени и повредени лица.

Магазинот „Die presse“ извести за напад врз синагогата, во кој се вели дека биле вмешани тројца наводни атентатори.

За еден од нив се вели дека е смртно повреден. За неколку полицајци, исто така, се вели дека биле сериозно повредени.

Според „Die Presse“, сепак Министерството за внатрешни работи известува дека никој не е убиен.

Отпрвин беше речено дека нападот е насочен кон синагогата, но Оскар Дојч, претседателот на Еврејската заедница, на Твитер напиша дека не е јасно дали градскиот храм е една од целите. Синагогата веќе беше затворена за време на пукањето.

Според извештаите на очевидците, се слушнале неколку истрели.

Областа (1 виенски округ, Инер Штад) беше затворена во голем обем по истрелите, а околу Шведенплац се одвива голема полициска акција. Ситуацијата е моментално нејасна, дали напаѓачот или напаѓачите сè уште се во бегство.

Градскиот храм е главната синагога во Виена. Од безбедносни причини, Градскиот храм, како и другите еврејски институции во Австрија, се постојано заштитени од полицијата.

Синагогата, два пати беше цел на терористички напади – во 1979 и во 1981 година.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!