РЕТРО: Милошоски спиеше на таванот на Каракачанов и го вееше бугарското знаме

Повеќе од половина од македонските министри или бивши функционери барале или имаат бугарски пасоши, јави своевремено бугарската агенција ,,Фокус”.
Споменати беа 17 тогашни функционери, а дел од нив беа: Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Љубчо Георгиевски, Илија Димовски, Александар Николоски….Потоа информацијата беше демантирана од бугарските медиуми и сè остана на гласини и препукувања по контактни емисии меѓу бугарски функционери и вмровски челници. За Георгиевски сепак е јавно познато дека има бугарски пасош, по падот на неговата Влада во 2006 година.

Листата беше објавена по низа текстови, објавени во провмровските груевистички медиуми, во кои се напаѓаше Бугарија и договорот за добрососедство, потпишан од Владата на СДСМ. На пик на бугарските интелектуалци и политичари беше Антонио Милошоски кој тогаш беше најгласен во нападите, но и Филип Петровски.
За Петровски, Бугарите пак тврдеа дека сепак зел бугарски пасоши за родителите.

Красимир Узунов, сопственик и уредник на новинската агенција ,,Фокус”, во 2017 година беше шокиран од реакциите на Антонио Милошоски, затоа што со европратеникот Ангел Џамбаски одел на гробот на Тодор Александров. Узунов се чудеше и на Филип Петровски, со тврдење дека му нудел пари за поддршка на Груевски по бугарските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: ,,Левица” расте, ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа

„Иако посетата на македонскиот премиер Зоран Заев во Софија заврши, дебатата во скопските медиуми за иднината на бугарско-македонските односи продолжува да се заострува, наместо да се најде мирно и разумно толкување. За само два дена во изданијата и телевизиите што со години се под влијание на партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, објавени се повеќе од 300 публикации посветени на бугарско-македонските односи, на јазичниот спор, на македонскиот идентитет, на историјата на бугарскиот фашизам, на купување на Заев од страна на Бугарија и на што ли уште не.
Само на официјалната страница на ВМРО-ДПМНЕ може да се најдат 13 официјални пораки поврзани со оваа тема, во кои се бара целосна ревизија на договорот со Бугарија”, рече Узунов.

Македонските и бугарските вмровци одеа заедно на гробот на Т.Александров

Според него, не може Милошоски да суди и да говори против Бугарија и договорот за добрососедство помеѓу двете земји, колку тој бил лош за Македонија, затоа што истиот тој Милошоски заедно со Џамбаски оделе заедно на гробот на Тодор Александров.
,,За да му биде поевтино, спиеше на таванот на ВМРО во Бугарија. Каракачанов е вицепремиер – може да го прашате како тие го одгледаа. Не може Филип Петровски, кој им беше шеф на Државен архив и кој доаѓаше во Софија да бара пасоши за неговите родители да зборува за тоа колку бил лош договорот за добрососедство меѓу двете земји”, вели сопственикот и уредник на бугарската новинска агенција ,,Фокус”, Узунов.

Џамбаски: Милошоски е Бугарин од Македонија

Европратеникот Џамбаски беше длабоко разочаран од ,,Бугаринот”, Милошоски, па дури и неговите ставови ги сметаше за национално предавство.
,,Антонио Милошоски го вееше бугарското знаме, а денес работи против интересите на Македонија”, коментира Џамбаски.
Милошоски велел дека е Бугарин од Македонија. Тој учествувал на помените за Тодор Александров и има фотографии на кои тој, заедно со нас го држи бугарското знаме. Непријатно сме изненадени од неговата промена во однесувањето. Но, тоа најверојатно се должи на долгиот престој во власта и на тоа дека е близок до Груевски. Владеењето на Груевски е карактеристично со оддалечувањето од Бугарија. Веројатно оваа промена на Милошоски се должи на неговите позиции во власта и на начинот на живот. Ова може да биде дефинирано како национално предавство. Примерот со Милошоски е трогателен. Беше ексклузивен Бугарин за време на владеењето на Љубчо Георгиевски, а потоа избра да ја следи новата линија на Груевски. Еден човек, кој се заколна во бугарската кауза, кој изјавувал дека е Бугарин, денес работи против интересите на Македонија за потпишување на договор за добрососедство со Бугарија. Со овој договор се отвора вратата на Македонија кон ЕУ. Овој договор е во интерес и на Македонија и на Бугарија “, рече Џамбаски.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!