Социјалната мрежа Фејсбук го забрани вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев на телевизија ,,Сител” за деца под 18 години. На службениот профил на премиерот видеото е означено со црна позадина и предупредување за насилна и графичка содржина. Видеото сè уште може да се гледа, но само доколку лицата кои ќе кликнат на него се постари од 18 години.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Ретро: Милошоски спиеше на таванот на Каракачанов и го вееше бугарското знаме
Вакво предупредување од Фејсбук обично доаѓа по интензивни и бројни пријавувања од луѓе на кои не им се допаѓа објавената содржина. Што е чест случај кај политичките опоненти и несимпатизери на СДСМ. Во последната емисија на Васко Ефтов, гостинот Јанко Бачев веќе информираше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ одамна располага со организиран систем од илјадници лажни профили, впрегнати во еден телефонски систем за уривање или поддршка на разни содржини на социјалните мрежи.

Што вели политиката за рационалност на Фејсбук? Во кои случаи некои содржини се означуваат како сензитивни?
,,Се отстрануваат содржини кои го глорифицираат насилството или го слават патењето и понижувањето на други луѓе, бидејќи тоа може да ја обесхрабри околината. Дозволена е графичка содржина, со одредени забрани, со цел да се подигне свеста кај луѓето околу оваа тема. Свесни сме дека луѓето треба да дискутираат на разни теми, како кршење на човекови права и акти на тероризам. Исто така сме свесни дека луѓето имаат поинакви сфаќања за графичка и насилна содржина. Поради тоа и го ставаме предупредувањето, за да не биде содржината достапна за деца под 18 години, да бидат свесни пред да кликнат на линкот”, се вели во објаснувањето на социјалната мрежа Фејсбук.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]