За аналитичарите Бајден е фаворит, но ќе го кочат републиканците во Конгресот

Победникот на изборите во САД сè уште не е познат, но проекциите и аналитичарите сметаат дека сегашен фаворит е Џо Бајден, но исто така сметаат и дека републиканците ќе го задржат мнозинството во Сенатот, што може значително да го комплицира процесот за носење одлуки во спроведувањето на најавените политики на Бајден во однос на здравствено осигурување и даночни реформи.
Трамп го чека тежок пат до победата

За да ја продолжи трката, Трамп, мора да ги освои Џорџија, Аризона и Невада, откако американските медиуми објавија дека Бајден победил во Висконсин и Мичиген.
Ако успее, тогаш мора да победи во Пенсилванија, каде што проекциите се во прилог на Бајден и во Северна Каролина за потребните 270 гласачи.Официјални лица од Пенсилванија објавија дека ќе ги пребројат гласовите до петок, а Ен-Би-Си објави дека Северна Каролина нема да ги ажурира своите резултати до 12 ноември.

По пребројувањето на 95 проценти од гласовите, Трамп во Северна Каролина во моментов води со 50,1 процент во споредба со Бајден со 48,7 проценти.

Кога ќе знаеме?

,,Њујорк Тајмс” пишува дека ажурираните податоци за Невада ќе бидат познати во четврток попладне по источно време, и во 18 часот по средноевропско време.Во Невада беа преброени 85 проценти од гласачките ливчиња, а кандидатот на демократите Бајден води таму со помалку од 8.000 гласови.

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, очекува пребројувањето на гласовите во неговата сојузна држава да трае до четврток наутро, пренесува Би-Би-Си.

Републиканскиот претседател води таму со 39.000 гласови, но треба да се избројат уште 200.000. Бајден има големи шанси да ја собори таа сојузна држава, што претседателот Барак Обама не успеа да го стори двапати.

Аризона, каде Бајден во моментов води со скоро 80.000 гласови по преброени 86 проценти, исто така, ќе објави нови податоци во попладневните часови по средноевропско време.

Судски тужби за од изборниот штаб на Донал Трамп 

Трамп се прогласи за победник на изборите предвреме уште во вторникот, а секој спротивен исход го нарече кражба.Трамп и членовите на неговата влада со месеци го критикуваа гласањето со дописи, тврдејќи дека е подложно на измама, иако експертите посочуваат дека тоа е тешко возможно и дека гласовите со дописи веќе долго време се постојан метод на гласање на изборите во САД.

Неговиот персонал во средата поднесе тужби со барање за запирање на пребројувањето на гласовите во Џорџија, Пенсилванија и Мичиген и побараа пребројување на гласовите во Висконсин.

Во меѓувреме, шефот на кампањата на Бајден ги осуди изјавите на Трамп за наводната измама, а кандидатот на демократите изрази уверување дека е „на пат кон победата“.

,,Не зависи од мене и Доналд Трамп да го објавиме победникот на овие избори. Останува на гласачите”, рече Бајден повикувајќи на американско единство по изборите.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!