Во Германија има опасност од нови терористички напади

Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер, во Бундестагот ја истакнал опасноста од терористички напади со исламистичко потекло во Германија. Но, притоа ги отфрлил барањата за законски измени по терористичките напади.

„Нивото на закана од терористички напади во Германија е непроменето високо“, рече Зехофер од Христијанско-социјалната унија ЦСУ, за време на расправата во Бундестагот посветена на заканата од исламистички тероризам.

Годинава во Германија имаше три терористички напади со исламистичко потекло

Зехофер посочи дека само оваа година, во Германија се забележани три терористички напади со исламистичко потекло и дека извршителот на нападот во Виена во понеделникот негувал контакти со припадниците на исламистичката сцена и во Германија.„Преку случајот во Виена, ние исто така имаме врски со потенцијално опасни исламисти во Германија“, посочи тој.

Австриецот, Кујтим Фејзулаи, во понеделникот вечерта уби четири и повреди над 20 лица во Виена.

Зехофер ги отфрли барањата за построги закони во борбата против исламистичкиот тероризам.

,,Јас секогаш сум против брзите и несовесни законски измени. Многу е поважно да се спроведат постојните закони”, рече Зехофер.

АфД: Исламистите и` објавија војна на Европа и конечно мора да возвратиме

Член на популистичко-десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Мартин Хес, ја обвини германската влада за целосен неуспех во борбата против исламистичкиот тероризам за време на парламентарната дебата.

Рекол дека исламистите и` објавиле војна на Европа и треба да се возврати. Тој побарал од владата да ги протера сите исламисти кои Канцеларијата за заштита на уставниот поредок ги опиша како опасни.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Милошоски дали како ,,Б’лгарин” азбуката ни ја нарече ,,караџица”, а Конески – шеќерен џелат?

Зехофер, пак, не е на тој став и смета дека протерувањето не може да го реши проблемот со исламистичката опасност во Германија.

„Не е толку едноставно: од 615 потенцијално опасни лица во Германија, 217 се германски државјани и 119 имаат двојно државјанство“, објаснил тој.

Дебата за борба против исламистичкиот тероризам во Европа побараа партиите на владејачката Демократска христијанско-социјалдемократска коалиција.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!