Белорускиот претседател Александар Лукашенко, неговиот син Виктор и тринаесет службеници одговорни за репресијата во земјата беа официјално додадени на црната листа на лица на кои Европската унија им изрече санкции во петокот.
Земјите-членки на ЕУ дадоа согласност во петокот и ажурираниот список беше објавен во Службен весник.
Тринаесетте службеници беа санкционирани и од Канада како дел од заедничката операција со ЕУ, соопшти во петокот канадското Министерство за надворешни работи.
За разлика од ЕУ, Отава, стави забрана за претседателот Александар Лукашенко и неговиот син и советник Виктор Лукашенко, уште во септември, кога и средствата исто така им беа замрзнати во Канада.
Имињата на белорускиот претседател, неговиот син и тринаесет членови на првиот „ешалон“ на владата се додадени на европската листа со 40 имиња, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи, на кого на 2 октомври му беше забранет престој, но и замрзнат имот во ЕУ.
Одлуката за воведување санкции врз претседателот Лукашенко и неговата придружба е донесена поради „одбивањето на белоруските власти да воспостават дијалог со опозицијата“ што го оспорува исходот од претседателските избори, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џосеп Борел.
Канада досега санкционираше 54 белоруски функционери од потесниот круг на претседателот.
„Канада и ЕУ остануваат сериозно загрижени за моменталната состојба во Белорусија“, се вели во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи.
Мерките ќе овозможат блокада на имотот на претседателот Лукашенко и неговиот син во Европската унија. Специјализираната веб-страница ЕУОбсервер пишува дека семејството Лукашенко има удели во две агенции за недвижнини на Кипар.
Замрзнувањето на имотот подразбира блокирање на сметки во банка и одземање на имотот на физичко или правно лице и замрзнување на имотот на компанијата контролирана од тоа лице.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]